Чистота на мислата и на срцето

Чистота на мислата и на срцето

Старо правило е дека секое екстремно растегнување на нештата во една насока, предизвикува реакција во спротивната.

Кога денеска светот и нашето опкружување стануваат цинично (опасно) место, ти иде да се свртиш кон вистинските вредности – слатки животни, деца и смешки кои оние другите би ги нарекле лигави. Ако светот станува опасно, злобно и дехуманизирано место, полн со лажни информации и поттикнување на исти такви, лажни чувства (кои не знаеш ни дека си ги имал додека некој не ти каже дека треба да ги имаш), тогаш единствениот начин да му се даде отпор е со – чистота.

Чистота на мисла и на срцето. Обични радости. Промовирање солидарност, семејни вредности, природни убавини, еколошка свест… дека во светот има и секојдневни херои, убавина во наивноста, па дури и во добродушната глупост.

Чистота на мисла и на срцето. Спонтана промоција на најдоброто од човечките квалитети, со својата пост-ироничност и „нова искреност“ – потрагата по она острово од значења кое се уште не е испогането, или оние вредности за кои има надеж дека можат повторно да се обноват со силата на човечкиот дух, кој уште не е нагризан од киселоста на сарказмот и од `рѓата на злобата.

About the author: Support Team Member Profile Blogger Profile Toni Kolev

Уредник, модератор и се на НетМкд 🙂

Reactions & comments

Express Yourself on NetMkd! Let’s Stay Connected!

No comments yet