#DELETEFACEBOOK

Прекрасно е да се замислува дека Фејсбук е место на кое се споделуваат идеи, соништа, и надежи, машина за спојување луѓе која дава повеќе отколку што одзема.

Меѓутоа, Фејсбук е сервис за собирање податоци кој сака да ти продава производи. Тоа е најврвниот канал за да те таргетираат по возраст, пол, географска локација, политичка наклонетост, интереси и брачен статус. Тоа е сон на секој огласувач и е многу скап во поглед на губење приватност и парите што се потрошени за крадење на оваа приватност. Тој е совршена алатка за луѓето што рекламираат, рај од содржина создадена од корисници кој сега е управуван од ѓаволи.

На крај ти си го создал најголемото досие за самиот себе и тоа си го направил бесплатно, дури и со задоволство. Ова досие има што ти се допаѓа, што не ти се допаѓа, твоите чувства и политичка наклонетост. Вклучува јасни слики од твоето лице од сите агли, слики од твоите миленици и семејството, детали од твоите патувања. Ти му даваш на светот непречен пристап до твојот живот.

Не мора да биде вака. Тука е НетМкд како алатка да не поврзува без да прибира и отстапува податоци на било кого.

Затоа #deletefacebook

About the author: Support Team Member Profile NetMkd Blogger Toni Kolev

Уредник, модератор и се на НетМкд 🙂

Reactions & comments

Express Yourself on NetMkd! Let’s Stay Connected!

No comments yet