НетМкд да бидеме повеќе поврзани

НетМкд  да бидеме повеќе поврзани

Социјалната интеракција со други луѓе повеќе или помалку  е во природата на човекот, но секогаш  се бара начини на воспоставување на меѓусебната врска. Денес, во оваа ера на дигитализација, социјални мрежи и медиуми, луѓето социјалната интеракција  не ја правата  на личен контакт, туку преку социјално вмрежување и апликации.

Постои секојдневен пораст на бројни  веб-страници и блогови кои сакаат да создадат заедници кои имаат исти или слични интереси, идеи или бараат лични контакти. Во реалноста, сите ние сме дел од некоја група, повеќе или помалку стануваме луѓе што не сакаат да размислуваат како поединци. Со други зборови, сите ние сме дел од некоја социјална мрежа или ако не – сакаме самите да изградиме една.

Во морето на така големиот број на социјални мрежи, место  „под сонцето“  заслужува или бара поддршка и НетМкд. Штое е НетМкд? НетМкд е социјална мрежа со слични функционалности и карактеристики  на  веќе познатите и етаблирани  социјални мрежи за поврзување и споделување содржини, интереси, реализација на комуникација и контакти преку Интернет.

НетМкд како социјална мрежа се одликува со едноставност, чиста форма која ја прати содржината без оптеретување и наметнувања на спонзорирани објави или сугестии, со потполна контрола на корисникот  на содржините што ги објавува и гледа на својот „ѕид“ без при тоа да се споделуваат или се користат за потребите на маркетинг агенциите. Во таа смисла,  илузија е дека Фејсбук е бесплатна мрежа. Таа илузија ја покажуваат неколкуте скандали од оваа година за отстапување на податоците на корисниците, како и тоа,  како нејзиниот сопственик е еден од најбогатите луѓе во светот?

Основната цел  во приказната за НетМкд е да им се даде простор на луѓето за зајкнување на меѓусебните врски споделувајќи  лични моменти кои ќе нè водат да се поврземе повеќе едни со други, тоа да биде простор за креирање на приказна преку текст, слика или видео. Да се чувствуваме повеќе поврзани и помалку осамени и тоа да биде добро потрошено време.

Денот е поубав кога сме заедно на НетМкд

About the author: Support Team Member Profile Blogger Profile Toni Kolev

Уредник, модератор и се на НетМкд 🙂

Reactions & comments

Express Yourself on NetMkd! Let’s Stay Connected!

No comments yet