НетМкд, не е само потрошено време

Согледувајќи на каде отиде Фејсбук, односно колку застранил од првично проектираната цел за поврзување на луѓето, Фејсбук на почетокот на годината најави промени  во прикажувањето на објавите во News Feed. Свесни сме дека на Фејсбук е присутно агресивното бомбардирање на содржини од јавните медиуми, силни коорпорации кои вложуваат огромни суми пари да го окупираат секој медиумски простор, а Фејсбук користејќи моќни алгоритми (што Фејсбујк никогаш директно нема да го признае тоа), водени исклучиво од трката за профит,   на вашиот News Feed прикажува објави од разни кои какви брендови, мислења, кампањи и се друго, односно содржини  кои не нè прават  поврзани  и  не нè приближуваат со луѓето што ни се важни.

Токму тоа е целта на НетМкд. Да им се даде простор на луѓето за зајакнување на меѓусебните врски споделувајќи  лични моменти кои нè водат да се поврземе повеќе едни со други, тоа да биде прстор за креирање на својата приказна преку текст, слика или видео. Фокусот на НетМкд е насочен пред се кон  создавање на едно поинакво искуство, а  времето поминато на НетМкд  да биде  добро потрошено време. Просторот на НетМкд не е само за забава, за искажан став или мислење, туку тоа е простор и поминато време  кој треба  да придонесе  за зајкнување на нашата благосостојба и среќа.

Да, примарна и единствена цел и фокус на НетМкд е  да се поврземе со луѓето за кои се грижиме или се дел од нашето опкружување, а тоа да биде добро и за нашата благосостојба. Да се чувствуваме повеќе поврзани и помалку осамени, а сето тоа да биде  наша мала инвестиција  на долг рок кон нашите  долгорочните цели за среќа и здравје.

Затоа на НетМкд нема да видите директно пласирани содржини како мислења од бизниси, брендови и медиуми, туку содржини  кои треба да  поттикнат значајни интеракции меѓу луѓето. Значи содржини  од вашите пријатели, семејства и групи. Во најдобар случај,  НетМкд е и ќе биде фокусиран  кон лични врски и приближување на луѓето – дали е со семејството и пријателите, или други  моменти и настани од нашето секојдневие и опкружување –  да помогнеме  НетМкд да биде  само добро потрошено време.

ИМА РАЗЛИКА!

Нашето мото е MY ROAD! MY DREAMS! MY LIFE!

Express Yourself on NetMkd! Let’s Stay Connected!

About the author: Support Team Net Mkd

All in one on NetMkD 🙂
Nobody’s perfect, but we are all perfect in our imperfection.
MY ROAD! MY DREAMS! MY LIFE!

Reactions & comments

Express Yourself on NetMkd! Let’s Stay Connected!

No comments yet