Промена на корисничкиот пристап на НетМкд

Од 20.03. 2018 година  поради зголемување на заштитата на приватноста на членовите на НетМкд  при  регистрација и оневозможување  регистрација на ботови, се менува политиката  за пристап и активности на НетМкд за  постоечките и новорегистрираните  членови на НетМкд.

Имено, доколку не се пополнети задолжителните полиња означени со   и не се постави ваша фотографија (аватар) на профилот, ќе биде оневозможено:

  • корисникот нема да биде видлив на листата на членови
  • оневозможено е  испраќање на пријателски барања
  • оневозможено е креирање  и приклучување на групи
  • оневозможено е прикачување на фотографии
  • оневозможено е прикачување на видео линкови и видео
  • оневозможено е испраќање на  пораки
  • оневозможено е  објавување на постови
  • оневозможено е  коментирање

Сите овие кориснички ограничувања се направени  за зголемување на приватноста на  членовите на НетМкд и од никакви други причини кои би биле на штета на сите корисници. Вашите податоци не се собираат и не се обработуваат за никакви цели, единствено се пополнува корисничката форма за идентификација како единствен корисник. Нашата примарна цел е заштита на приватноста од било какви злоупотреби, посебно ако се има во предвид со што се соочуваат корисниците на Фејсбук овие денови откако се обелоденети во западните и нашите медиуми малверзациите кои се правеле со личните податоци.

ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА РАЗБИРАЊЕТО!

 

About the author: Support Team Net Mkd

All in one on NetMkD 🙂
Nobody’s perfect, but we are all perfect in our imperfection.
MY ROAD! MY DREAMS! MY LIFE!

Reactions & comments

Express Yourself on NetMkd! Let’s Stay Connected!

No comments yet