Следење на членови и објави на НетМкд

Следење на членови и објави на НетМкд

Не се работи за нова  функција  или  нешто што  не е познато како искуство од другите социјални мрежи, само едно потсетување за користење на НетМкд. Нешто што е многу важно и постојано го нагласуваме на НетМкд  е тоа дека  Вие избирате  кој и што ќе следите.

Прифаќањето барање за пријател автоматски значи дека тој корисник и го следите, но може да следите и корисник со кој не сте пријатели.

Но, ако сметате дека вашиот пријател објавува и  премногу  ирелевантни работи, но сакате да останете пријатели, треба само да ја изберете опцијата Stop following! Готово, неговите мислења нема да “ви се натрупуваат” на вашиот News feed. Слично е,  и обратно кога сакате да следите некого без да бидете пријатели, само за да ги видите неговите мислења на вашиот  News feed (во зависност од подесувањата на приватност на објавите на корисникот – Friends Only објавите и скриените групи не може да се следат ако не сте пријатели). Тоа можете да го направите  со избирање на опцијата  Start Following! Едноставно и веќе познато нели?

Подесување на  News feed

Постојат 2 опции за подесување:

  • Community  –  се прикажуваат сите објави на мрежата кои се  објавени како  Public или  Site Memebers,  како и објавите  од вашите пријатели – Friends Only. Значи ова се однесува на приватноста на постови и  на групи.
  • Following – Изборот на оваа опција значи дека се прикажуваат објави или мислења  само од членови и групи што ги следите. Така нема да гледате мислења од луѓе или групи што не ги следите, дури и  тогаш кога  тие мислења ги имаат поставките за приватност  (Public или  Site Memebers) што ви дозволуваат да ги видите.

Изборот  Following  ви овозможува да се фокусирате на најважните работи за вас. Вашите пријатели, вашите групи и другите кои ги следите, а со кои не сте пријатели.

Покрај тоа, има и  поставување за прикажување и криење на “моите објави” (Show my post или Hide my post). Ако не сакате да ги видите вашите сопствени мислења и само да се фокусирате на другите, изберете ја опцијата   Hide my post  🙂  Тоа е ваше право и избор.

 

About the author: Support Team Net Mkd

All in one on NetMkD 🙂
Nobody’s perfect, but we are all perfect in our imperfection.
MY ROAD! MY DREAMS! MY LIFE!

Reactions & comments

Express Yourself on NetMkd! Let’s Stay Connected!

No comments yet