Уште еднаш зошто НетМкд

Од причина што фејсбук манипулира со алгоритми (нешто на што подолго време се укажува) кои содржини ќе се прикажуваат, следејќи кој што лајкува,  те оптеретува со страници и наводни сугестии кои немаат врска со вашиот интерес  а всушност тоа се прави за маркетингшки цели и промоции од секаков вид креиран е сајтот НетМкд, како македонска социјална мрежа. Очигледно е дека фејсбук станува алатка на моќните  јавни медиуми и коорпорации кои вложуваат огромни суми пари да го окупираат секој медиумски простор  во трката за профит и лукративни цели. Сега тоа излегува на виделина, а Фејсбук молчи. Иако на почетокот на годината Фејсбук објави дека ќе посветат внимание кон нивната  првична цел за поврзување на луѓето, сега е јасно  во кои води пловел за цело време  и колку личните податоци биле злоупотребувани, наметнувајаќи ни  содржини  кои не нè прават  поврзани  и  не нè приближуваат со луѓето што ни се важни. А нели тоа им беше целта?

Поради сите тие причини и во услови  кога сме приморани на самоцнезура и изложени на  закани од казни  и злоупотреби,  создаден е НетМкд. Да, сајтот НетМкд е за создадеме подобро место и свет во кој личните врски и интереси се над се,  без злоупотреба за било какви цели. Основната цел и лајт мотив во приказната за НетМкд е да им се даде простор на луѓето за зајкнување на меѓусебните врски споделувајќи  лични моменти кои ќе нè водат да се поврземе повеќе едни со други, тоа да биде простор за креирање на приказна преку текст, слика или видео. Да се чувствуваме повеќе поврзани и помалку осамени и тоа да биде добро потрошено време.

На НетМкд вашите податоци и постови не се отстапуваат на маркетинг агенции за  комерцијална намена и нема спонзорирани и платени содржини кои демек случајно се појавуваат на вашиот ѕид. Вашиот „ѕид“ е ваша приватност, а тоа  НетМкд го почитува во целост.

ИМА РАЗЛИКА!

Нашето мото е MY ROAD! MY DREAMS! MY LIFE!

Сега и секогаш имајте секое добро!

About the author: Support Team Net Mkd

All in one on NetMkD 🙂
Nobody’s perfect, but we are all perfect in our imperfection.
MY ROAD! MY DREAMS! MY LIFE!

Reactions & comments

Express Yourself on NetMkd! Let’s Stay Connected!

Comments

No comments yet